Гаф на Пендаровски – честиташе на погрешна држава и погрешен човек

Нов гаф на претседателот Пендаровски се случи денес на неговиот официјален твитер-профил, кога се обиде да му честита национален празник на чешкиот претседател Милош Земан.

Во првиот обид, Пендаровски честита на Чехословачка, држава која не постои од 1993 година. Покрај тоа, Пендаровски ја пратил пораката до профилот @MilosZeman, кој е лажен профил неактивен од 2012 година.

Овој твит беше избришан

Во вториот обид, Пендаровски честита на @CzechPresident, лажен профил на чешкиот претседател, што јасно се гледа доколку се отвори профилот. И двата твита се избришани.