Левица: Нема да учествуваме во шверцувањето нови пратеници

„Денес, во Собранието на Република Македонија, владејачката коалиција на СДС+ДУИ, на очиглед на јавноста, прави противделовнички обид за верификација на мандатот на нови пратеници – спротивно на чл. 17 од Деловникот!Според овој член, за да има верификација на нови мандати мора кумулативно да постојат два акта: 1. Извештај од ДИК; и 2. Предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања (која не постои, односно сè уште не е основана)!?

Оваа „дива“ верификација, која се случува во теков на денешниов ден, се врши без вториот потребен документ, а врз основа на т.н. „Извештај“ од непостоечката Верификациона комисија, на чело со Јагода Шахпаска – која има истечен мандат, односно престана да постои по истекот на Конститутивната седница!

Бидејќи и покрај процедуралното укажување од страна на нашиот пратеник Димитар Апасиев – дека е правно невозможно без Комисија и без предлог да се продолжи со верификацијата – парламентарното мнозинство продолжи со овој илегален начин на работа, пратениците на Левица нема да учествуваат на фингираните ноќни седници на кои ќе бидат ставени на дневен ред овие мандати. ” – стои во објавата на официјалниот профил на политичката партија Левица.