Денот кога Струга пружи отпор
Статус на Јована Мојсоска, член на Президиум на Левица:
„На денешен ден, пред 17 години, ескалира незадоволството против терористичката поделба на Македонија. Додека Бучко држеше говори за “неколку хулигани”, старо и младо од Струга, беше собрано да го искаже својот гнев против тогашната квислиншка власт. Народот беше тепан со гумени куршуми, кои тогаш беа забранети (власта на ДПМНЕ подоцна ги озакони).
Во два на полноќ, беа пратени специјалните единици да го тепаат својот народ со солзавци и гумени куршуми. Толпата се разбрка низ паркот, се криевме во најблиските куќи, додека се фрлаше по единиците со камења и шишиња. Најдолгата вечер во историјата на Струга заврши во седум часот утрото, додека по болниците сите си ги бараа роднините тепани од полицијата. Бучко беше изваден со хелихоптер, по што изјави: „Сакаа жив да горам”.
Тогашната влада на СДС никогаш не призна како ги тепаше Стружани и покрај документираните слики од повреди со гумени куршуми (неколку куршуми завршија и во мојот двор, далеку од местото каде беше толпата). Немаше осуда од меѓународната заедница, ниту од амбасадите за бруталното полициско насилство. Ден пред тешко извојуваниот референдум, САД ја призна Македонија под уставно име и организираше прослава, каде порача дека “референдумот ако помине, тоа ќе биде загрозување за евроинтеграциските аспирации”. Референдумот не исполна цензус на излезност и беше прогласен за неуспешен. Македонсиот народ изврши предавство врз Стружани.
Денес, тогашниот дезертер од ЈНА, е претседател на Собранието и го финализира процесот на федерализација, кој започна на 22 јули 2004 година во Струга.”