Иницијативата за бесплатни градинки изгласана во Лозово

  • Фејсбук статус на Димитар Абрашев – советник во Општина Велес од Политичката Партија Левица

Пред 3 месеци поднесовме иницијатива со која требаше да ги ослободиме родителите од плаќање на престојот на децата во градинките.

Истата беше одбиена од Градоначалникот Колев, како и советниците од мнозинството ДПМНЕ-ДУИ со образложение дека Општина Велес нема пари.

3 месеци подоцна истата таа иницијатива е изгласана во Општина Лозово, како и одлука со која учениците од прво до петто одделение ќе добиваат бесплатен оброк.

Да нема дилеми, Општина Велес има пари и може да си дозволи да го субвенционира престојот во градинките, но иницијативата е поднесена од советниците на Левица, па се што е поднесено од нас тешко е да се прифати…

Да биде иронијата поголемаодлуката на Општина Лозово е поздравена дури и од Пратеникот Здравковски.

Јавно го повикувам Пратеникот Игор Здравковски да се заложи советничката група на ДПМНЕ повторно да ја поднесат иницијатива, а ние ќе ја поддржиме истата, ЗА ДОБРОТО НА ВЕЛЕШАНИ!