(Видео) Апасиев кон Џафери: Ако не ги ставите амандманите на Левица, пратете обезбедување пред Комисија

На денешната собраниска седница, пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, реагираше дека спикерот Џафери со кршење на Уставот и Деловникот за работа на собранието одбил да ги прими амандманите на Левица. Тој се обрати по повод носењето Закон за државјанство со „европско знаменце“:

„Во 14:00 часот е закажана Комисија за политички систем, имаме поднесено околу 1800 амандмани. Ги поднесовме грижливо, точно според Деловникот, известени сме дека не се проследени. Се обидете ли да направите ШВЕРЦЕРАТ, пратете таму обезбедување, бидејќи Комисија нема да има. Не може само за великоалбанскиот шовинизам да има право на амандмани во ова Собрание!“ – порача Апасиев