Институциите не им дозволуваат на македонските спортисти да се борат за Македонија

Пред три години ја промовиравме дека станува збор за голема надеж на македонското женско борење, со остварувањето на нејзините големи успеси.

И наместо тоа да се продолжи во боите на нашата земја, годинава од боречкиот клуб „Олимпија Штип“ информираа дека талентираната боречка Андреа Нисева реди успеси во и за Бугарија.

Тогаш имаше шампионски настап, во категоријата до 46 килограми го освои првото место и стана шампион на Бугарија до У-15. И покрај сите напори од БК Олимпија да им овозможи на своите борачи да се натпреваруваат во Македонија, вчудоневидени се од игнорантскиот однос на федерацијата да му дозволи на клубот да учествува во системот на натпревари. БК „Олимпија“ е суспендирана по желба на федерацијата.

Нисева оствари уште еден голем успех, таа стана шампионка на Балканското првенство во Романија, со победи над репрезентивки од Романија, Хрватска и во финалето Косово.

За жал не настапи за Македонија, овој нејзин резултат влегува во успесите на Бугарија, бидејќи не ѝ е дозволено да ги брани боите на својата татковина – пренесуваат од борачкиот клуб „Олимпија Штип“.

Потсетуваме, Нисева не е единствен спортист кој се соочува со вакви или слични проблеми во различни спортски федерации во Македонија, каде најчесто причините за дискриминирање на квалитетните спортисти се приватизирањето на федерациите од луѓе поврзани со теснопартиски интереси, каде постои огромен непотизам.

Преземено од: Слободен печат