Левица: Дали под команда на ДУИ не се обезбеди полоштадот Скендербег како критична точка?

Реакција на ПП Левица

Постојат индикации дека ДУИ го штити еден од пиштолџиите од инцидентот кај Мавровка, што се случи на петтиот ден од сенародниот протест против бугаризацијата, како кулминација на сценариото на пробугарската СДС и терористичкото ДУИ за подгревање на меѓуетнички тензии.

Можно е за вториот пиштолџија, кој е идентификуван како Садула Рустеми, да нема мерка притвор. Ова е спротивно на генералната правна пракса во Република Македонија, во која се содржи навика за одредување мерка притвор за се и сешто.

Сепак, во овој случај со идентификуваниот пиштолџија Садула Рустеми, кој за време на инцидентот кај плоштадот Скендербег на 6-ти јули 2022 година впери пиштол кон толпа граѓани и се закануваше со полу-автоматското оружје, нема притвор. Многу е веројатно дека правосудните органи повторно потклекнаа пред притисокот од ДУИ.

Пиштолџијата Садула Рустеми, според одредени медиуми, влече поврзаност со терористичката ДУИ преку неговиот шура Енвер Селами, кој е началник на ПС Бит Пазар – кадар на фамозната дестабилизаторска партија на власт. Сето ова не наведува на сомневање дека пропустот со обезбедувањето на критичната точка за време на поворката на демонстраторите е оркестрација на ДУИ, преку свои кадри во полицијата, бидејќи плоштадот Скендербег се наоѓа во станичното подрачје на ПС Бит Пазар, каде што шурата на пиштолџијата е началник.