Апасиев: Геополитиката се менува, Македонија има алтернативи

Во интервјуто дадено за време на денешната блокада пред Владата, пратеникот Димитар Апасиев даде интервју во кое зборуваше за актуелните случувања. Тој уште на самиот старт го потврди ставот на Левица по однос на ЕУ и НАТО, додавајќи дека преговорите во вакви услови не треба да се случат.

Ставот на Левица во поглед на НАТО е јасен, во поглед на ЕУ исто така е јасен. Ние сметаме дека преговорите со ЕУ не треба да се случат.

Пратеникот истакна дека во светската гео-политика има такви промени што можат да ја доведат Македонија во сосема поинаква позиција, од оваа моменталната во која е потчинета на ЕУ и НАТО.

Во меѓувреме има тектонски геополитички пореметувања. Ние треба да го фатиме курсот на новиот светски поредок во кој што ЕУ ќе биде слуга на Америка. Како што е сега, и од тука има многу други алтернативи и секој свесен политичар треба да ги игра сите алтернативи. Тоа значи дека и Европската е една од алтернативите. Нашиот став е да не се затвора вратата потполно, меѓутоа да не се оди само на една карта.

Апасиев критички се осврна кон политиката која ја води ЕУ за која смета дека во иднина нема да биде така атрактивна. Тој нагласи дека не може ние да дадеме се, а тие да не дадат ништо.

Тоа е погубен став и ние видовме дека тоа е погубен став за нашата надворешна политика. Ни треба реструктуирање, меѓутоа тие се обидуваат комплетно да дадат се, а да не добијат ништо, тука е тоа што иритира. Во перспектива гледајќи децении нанапред Европската унија нема да биде веќе толку примамлива колку што е сега. На крајот на краиштата ние треба да дадеме се, а тие да не дадат ништо и тоа е тоа што го иритира народот.

Во продолжение лидерот на Левица потсети на некои од алтернативите кои се лесно достапни за Македонија.

Има многу алтернативи! Видете го Српскиот пример, го имате движењето на неврзаните преку кој што тие играат, ги имате БРИКС, Појас и пат иницијатива, зближување со други големи светски сили, значи има многу други алтернативи. Исто така и Европската економска заедница е една од алтернативите. Отворен балкан што е дамнешна левичарска идеа на балканска конфедерација, така што има многу иницијативи кој само затворен ум не ги гледа.

Алудирајќи на неодамнешните анкети, пратеникот потсети дека 75% од народот не се согласува со ова што го прават еуфундаменталистите.

Тоа што еуфундаметалистите платени од Сорос не може да го видат, меѓутоа за среќа 75% од народот тоа го гледа. Ако правите анкета ќе видите дека 75% од Македонците се против овој предлог и ќе дадеме се од себе овој предлог да не помине. Но, повторно го повикуваме народот бидејќи без народот не можеме сами да се бориме.

Апасиев заклучи со тоа дека постојат многу алтернатививо надворешната политика, кои, за жал, нашите политичари не сакаат да ги видат.

„Сите концепти се отворени, светот е широк и голем, има многу креативни идеи се е на маса и со сите треба да играме. Тоа е нашиот став отсекогаш. Значи интернационализмот е позната левичарска концепција, треба да се игра со сите, буквално со сите земји од ООН. Со сите регионални и пошироки иницијативи. Така да, има иницијативи, само затворен ум не може да ги види.“