Отварање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград
- Соопштение на ОМО Илинден – ПИРИН
ПОКАНА
На 30 октомври (12:00) нашиот скромен македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ свечено ќе ги отвори вратите во Благоевград.
Клубот има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, да ги зајакне врските меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот.
Основан е од Иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за „Заштита на основните индивидуални човекови права“, регистрирано во согласност со бугарскиот закон во Агенцијата за регистрација на 30.08.2019 година. со EIK 205801406.
Основан е со финансиска помош на нашите пријатели од Канада: Глигор Цанев и Минчо Остас од Торонто и Македонско меѓународно движење за човекови права во Канада.
- Настанот е дозволен од градоначалникот на општина Благоевград.
- Поканети се премиерите на Бугарија и Македонија, амбасадори и градоначалникот на Благоевград.
- Поканети се медиумите од двете страни на границата.
- Поканети се пријатели и гости од земјава и странство.
- Поканети се сите добронамерници.
Скромната прослава ќе се одржи со следната програма:
- Отворање со поздрав кон присутните
- Осветување според христијанските обичаи
- Поздрави од официјалните гости на прославата
- Положување цвеќе на спомениците на Димитар Благоев и Гоце Делчев, како и на спомен обележјето на Гоце Делчев во дворот на црквата.
Од организаторите: Атанас Мазнев