Мојсоска: Етничкиот инженеринг го устоличи како султан најкоруптивниот човек за градоначалник на Струга

  • Фејсбук статус на Јована Мојсоска – член на Президиумот на Левица

Додека деновиве се пењават квинслизите за некаква проевропска и анти-европска Македонија, потсетување за кампањата на СДС од 2004 година. Речиси 20 години подоцна, истиот наратив како расипана лента го повторуваат од истата анти-македонска партија.

И тогаш (како и сега), целата кампања беше насочена кон апокалиптични сценарија за евроинтеграциските процеси, ако референдумот успее. Секако, кулминација за неуспешноста на референдумот беше признавањето од САД под уставното име на само два дена пред референдумот (главната политичка порака на Буш беше дека успешен референдум е закана за патот кон НАТО).

Дали има еден од редовите на СДС што може да даде аргументи дека Македонците и Албанците денес во Струга живеат подобро?! Живеат подобро, ама во Швајцарија и Германија. Срам ме фаќа кога координаторот на советничката група на СДС (од Струга) го брани бугарскиот предлог, со аргументи дека СДС носела државнички одлуки по теркот на територијалната поделба.

Па, нема здраворазумен стружанец кој се гордее со вештачкиот инжинеринг кој го устоличи како султан најкорумпираниот гној од редовите на ДУИ!

Можеби другите не паметат, ама Стружани многу добро паметат како се кастреше Македонија во име на европските вредности – токму од СДС.