Летен камп за идеолошка надградба на политичкиот подмладок на Левица

  • Подмладокот на Политичката партија Левица деновиве организира летен камп за идеолошка надградба на своите најмлади членови. Летниот камп „2 Август” се одржува во Охрид, за ова соопштија од Црвена Младина.

Вчера во Градиште, се отвори летниот камп „2 Август” во организација на Црвена Младина каде што свое обраќање имаа Раководителот на Црвена Младина, Марио Јанески и Организацискиот Секретар на Црвена Младина, Кристијан Димков.

Присутните членови имаа можност да слушаат и дискутираат за историјата на политичката и општествената мисла, основите на марксизмот и критика на современиот капитализам.

Идеолошката надоградба на нашите млади членови е еден од најголемите приоритети на нашата младинска организација.