Апасиев: Албанската опозиција не може да игра карта национализам

  • Фејсбук статус на Димитар Апасиев – Претседател на политичката партија Левица

Таравари, Села, Хоџа, Касами и остала ситна боранија од албанското малцинство, никако да сконтаат една едноставна работа – дека не можат да го победат ДУИ (Али) инклинирајќи кон десно.

А бе заблудени, доволно е само Али да ви шерне една слика со униформа на УЧК и, пред вашиот електорат, паѓаат во вода сите ваши великодржавни влажни национализми кои ги блуете како заостанати политичари од XIX век.
Така што, имате само еден избор – или сменете ја плочата (кон центар или кон лево) или спремете се пак и пак и пак да бидете сомелени од ДУИ на следни избори.