АктуелноИнтернационално

ООН: Вршени се воени злосторства од Украинска страна

На Седумдесет и седма сесија во Организацијата на Обединетите Нации (ООН) 68-ма точка на дневен ред се најде извештајот на Независна меѓународна истражна комисија за Украина.

Генералниот секретар на ООН го пренесе извештајот изработен од страна на специјалните известувачи за Украина, кои од терен нотираа дали се вршат воени злосторства за време на Специјалната воена операција која ја спроведува Русија од февруари оваа година.

Во овој извештај, Независната меѓународна истражна комисија за Украина се повикува на наодите за настаните од крајот на февруари и март 2022 година во четирите региони во земјата, Киев, Чернихив, Харков и Суми, како што се бара со резолуцијата S34/1 на Советот за човекови права.

Спорет извештајот на Комисијата, исто така, се утврдени случаи во кои украинските вооружени сили пукале, раниле и мачеле заложници или ранети лица, што согласно Меѓународното воено право се смета за воени злосторства.

Иако, како што се вели во извештајот, бројот на воени злосторства направени од Украинска стране не се многу, сепак ваквите случаи ќе продолжат да бидат предмет на посебно внимание и истражување на Комисијата, поради сомневања дека постојат поголем број на вакви или слични случаи.