Мојсоска: Не очекувајте партии кои не можат да испечатат учебници да нè внесат во ЕУ

„Ќе остане запишано дека ние сме единствена земја која брусела шахти за да влезе во ЕУ“ – изјави Генералниот секретар на Левица во емисијата Тешки муабети.

Јована Мојсоска истакна дела политичкиот активизам на Левица го буди победничкото чуство на македонскиот народ и нагласи дека не смееме да се потчинуваме на фашистичките земји од Втората светска војна, кои ги победивме.

Точно, ние сме со различна позиција од ДПМНЕ, ние успеавме во последните две години да го потсетиме народот дека ние сме победички народ, а сега треба да преговараме со поразените од Втората светска војна.“

Во поглед на интеграцискиот процес, таа истакна дека и самата ЕУ мора да се реформира и дека во ваков формат нема капацитет за проширување, додека Македонија со ваква власт не може ниту да помисли на ЕУ.

А ЕУ треба сама да се реформира најпрво, а јас тврдам дека додека ДУИ е дел од било која власт кај нас, ние не можеме да помислиме на ЕУ. Ќе дојдеме во позиција да ги внесуваме Бугарите во Устав, а да не блокираат за корупција. Не може овие две партии да тврдат дека ќе ја внесат ЕУ во Македонија кога не можат едни учебници да испечатат, вели Мојсоска.“

Во продолжение таа истакна дека позициите на Левица се цврсти по однос на уставните измени, додека од ДПМНЕ постојано се ретерира и се менуваат ставовите.

„Прво ДПМНЕ имаа став против, па сега гледам пратениците велат дека сакале некој добар гест, некакви гаранции, па каков е тој добар гест од држава која те асимилира. А дека некој ќе издејствува подобар договор од држава која почива врз живковистички темели, тоа е замајување на народот.“

На крај Мојсоска истакна дека Левица е за апсолутен прекин на преговорите со Бугарија.

„Да ние сме за апсолутен прекин на преговорите со Бугарија, нагласи Мојсоска.“