Најмалку 35 дечиња загинати од америчко-саудиско бомбардирње на училишен автобус во Јемен
Најмалку 80 повредени и 50 загинати, од кои 35 деца, во најновите воздушни напади на коалицијата на САД и Саудиска Арабија извршени врз училишен автобус, кој пренесувал деца во летен камп. Повеќето од жртвите се помлади од 10 години.
„Со што заслужија вакво нешто овие деца?“ праша еден од сведоците на нападот.
„Американски бомби. Американски систем за целење. Американска воздушна поддршка. Само што бомбардиравме УЧИЛИШЕН АВТОБУС“ изјави на твитер американскиот сенатор од Конетикат, Крис Марфи
“Тие не беа ирански експерти. Тие беа деца; не носеа балистички ракети“ изјави сопственикот на локалниот ресторан. Ова беше потврдено од Црвениот Крст.
Се очекува бројката на жртви да порасне, бидејќи голем дел од ранетите се во критична состојба. Дополнително, коалицијата помеѓу САД и Саудиска Арабија спроведува блокада врз северен Јемен на лекови и медицинска опрема и намирници, што дополнително ја отежнува ситуацијата.
Саудиската Новинарска Агенција изјави дека „бомбардирањата се во согласност со меѓународното и хуманитарно право“. Официјалниот потпарол на Ансар Алах, шиитската организација на хутите, изјави дека соопштението на СНА е „абсурдно и морално дно“.
Минатиот четврток коалицијата изврши бомбардирање врз погреб при што загинаа 5 цивили. Преттходно 2 цивили загинаа и едно дете беше повредено во воздушен напад. Вчера најмалку 18 цивили, претежно жени и деца, загинаа и десетци беа повредени во воздушни напади. По ова на истите места коалицијата изврши уште воздушни напади цеејќи кон спасувачите при што 5 од нив загинаа во втората рунда. Претходно коалицијата бомбардираше фарма при што загинаа 6 цивили од кои 4 жени и едно новороденче. Во четвртокот коалицијата бомбардираше рибен пазар и подоцна болницата во која беа однесени ранетите, се верува дека најмалку 60 се загинати и уште 130 ранети. Се ова во една недела.
Коалицијата често не ги признава бомбардирањата и, без никакви докази, ги обвинува хутите. Подоцна се докажува нивната инволвираност.
Коалицијата има извршено над 230 000 воздушни напади и има убиено или рането над 600 000 цивили во Јемен, од почетокот на нападите во 2015, според локалното Министерство за Човекови Права. Дополнително, блокадата предизвика епидемија од глад, неухранетост и болести со непроценлив број на жртви.
ДОЛУ ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ!