Левица: Спикерот Џафери силеџиски ја врати иницијативата на Левица за референдум на корекција

  •  Изјава на Димитар Апасиев, претседател и пратеник на Левица, за Дневникот на Сител ТВ.

„Иницијативата не е одбиена, таа е вратена на корекција. Спикерот Џафери силеџиски, како да е уставен судија, ни ја врати иницијативата да ја усогласиме во рок од 15 дена. Ние, впрочем тоа и ќе го направиме.

Неговото правно толкување кое е неиздржано, е дека Заклучокот бил став, а не акт, па според него, прашањето не било соодветно поставено.

 Дополнителен референдум, според Законот, може да се распише за „други прашања за кои одлучувало Собранието“. Токму такво прашање, а не акт, се Заклучоците коишто ние ги ставаме на референдум.

Ова враќање на нашата Иницијатива од страна на спикерот Џафери е само купување на време. Ние во рокот кој ни го остава ќе ја усогласиме и ќе му ја вратиме.

 Не смее да се дрзне да ја одбие, бидејќи во спротивно ќе го блокираме целото Собрание – тоа не е негова сопственост.“