Исмаил: Митот за економската криза и ковид пандемијата

Статус на Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица

Помеѓу граѓаните се шири мит дека економијата влегува во криза поради пандемијата. Овој мит се наметнува токму поради идеалистичкиот (филозофско-методолошки) пристап на граѓанската интелектуала. Во суштина, тоа воопшто не е така.

Прво, економскиот раст, како што го разбираат тие – како вредност сама по себе – неретко е на штета на социјалниот хабитат на општеството. Имено, економскиот раст во капитализмот се повеќе и повеќе го зголемува социјалниот јаз помеѓу класите: од една страна екстремно богати мал број луѓе, а од друга, огромно сиромашно мнозинство. Впрочем, токму и при оваа криза сведоци сме на се поголема концентрација на богатството во се помалку раце/џебови/сметки.

Понатаму, капитализмот во својата нит ја носи причината за кризите. Имено, противречноста, од една страна на социјализираното/општо/колективно производство, и од друга страна, иднидвидуалното/приватно присвојување, е основната противречност на економски систем. На микро ниво, ваквата противречност се гледа и во фактот што, едно претпријатие целокупното производство го организира плански и под единствена команда наспроти анархичното и непланско производство на целото општетсво како заедница (oikos).

Не дека егзогените фактори, како што е пандемијата сега, не влијаат на економската криза, туку тие се само последица на структурни причини за кризите во капитализмот, кои патем се инхерентни во самиот процес на репродукција на општествениот живот детерминиран од економските односи на системот. И тука доаѓаме до клучната улогата на институтот во капитализмот, кој ние го нарекуваме „експлоатација“ а либералните, односно граѓански економисти тоа го нарекуваат „профит“ – како процес во којшто работниците создаваат повеќе вредност за капиталистите отколку што тие се платени за тоа.

Така да, економските кризи во капитализмот се карактеризираат со хиперпродукација како неизбежна последица од трката по профит. Оттука, се појавува и сулудата противречност која секојдневно ја гледаме во нашата реалност. Имено, додека економската криза се манифестира како криза на хиперподукција, огромен дел од човештвото страда за основни материјални средства за живеачка – сигурно се сеќавата на огромните количества овошје и зеленчук фрлени по буништата, кои најчесто се случуваат како револт на земјдолеците во однос на нивната цена со која не можат да ги покријат ниту најоснови трошоци за скромен живот. А добар пример се и огромниот број слободни домови наспроти исто така огромниот број бездомници или кираџии.

А пак во фазата на капитализмот како империјализам, економската криза се манифестира исто како контрадикција и спротивставеност помеѓу, од една страна богатите нации/држави како империјалистички и земјите во развој како нации/држави жртви на империјализмот – распределбата на ковид вакцините е само уште еден најнов очебијен пример за овој класен однос помеѓу народите.


МИТОТ ЗА ЕКОНОМСКАТА КРИЗА И КОВИД ПАНДЕМИЈАТА: Помеѓу граѓаните се шири мит дека економијата влегува во криза поради…

Posted by Реџеп Исмаил on Monday, April 19, 2021