Институциите против народот – Борбената тактика на Стопанска Банка АД Скопје ја разоткри Џорџ Орвел (1984)

  • Текст објавен од Координативно тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје

На акционерите на Стопанска Банка АД Скопје, Џорџ Орвел им помогна да ја разоткријат борбената тактика што грците т.е. НБГ (Националната Банка на Грција) ја развија до “совршенство”. За да го разберете значењето на текстот во продолжение, прочитајте ја најпрво колумната Грција и се заканува на Македонија преку својот џелат Стопанска Банка АД Скопје.

Кој го контролира минатото ја контролира иднината.

Минатото“НБГ докажува дека правото на партиципативност во 1991г. не било дадено”
Иднината“НБГ заедно со судовите, Врховниот суд, Владата, НБРСМ и КХВ, правото на партиципативност планираат да го избришат”

Кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото“

Сегашноста“НБГ ги контролира судовите, Врховниот суд, Владата, НБРСМ и КХВ заради бришење на правото на партиципативност”
Минатото“НБГ докажува дека правото на партиципативност во 1991г. не било дадено”

Минатото беше избришано, бришењето беше заборавено, лагата стана вистина“

Минатото избришано“НБГ ќе го избрише правото на партиципативност дадено во 1991г.”
Бришењето заборавено“По 10-ина години, нпр. 2035г. ако сеуште постојат приоритетните акции, дали некој ќе се сеќава како и кога Грците го избришале правото? Никој!”
Лагата стана вистина“НБГ докажа дека право на партиципативност никогаш немало (ЛАГА). После бришењето на правото, новата состојба е право на партиципативност нема (ВИСТИНА) за сите следни акционери и за НБРМ, КХВ, ЦДХВ”

Борбената тактика на грците беше шифрирано запишана во Дописот-Известување, поточно во Заканата што Стопанска Банка АД Скопје на 22.01.2021 ја испрати до:

  • Врховниот суд на РМ, г-дин Фаик Арслани, ВД Претседател
  • Влада на РМ, г-дин Зоран Заев, Претседател на Владата
  • г-дин Фатмир Битиќи, Заменик на Претседателот на Владата
  • г-дин Љупчо Николовски, Заменик на Претседателот на Владата
  • Министерство за финансии, г-дин Фатмир Бесими, Министер
  • Министерство за правда, г-дин Бојан Маричиќ, Министер
  • Народна банка на РМ, г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска, Гувернер
  • Комисија за хартии од вредност, г-ѓа Нора Алити, Претседател

За дешифрирање на Дописот-Известување (Заканата) користен е алгоритам развиен од Џорџ Орвел во 1949 година. Благодариме за позајмените права на користење.

Претходни текстови од Координативното тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска Банка – АД Скопје:

– Институциите против народот – Случај Стопанска Банка – АД Скопје

– Институциите против народот – Народната Банка заштитник на Стопанска Банка – АД Скопје

– Институциите против народот – Комисија за хартии од вредност, вториот заштитник на Стопанска Банка АД Скопје

Институциите против народот – Грција и се заканува на Македонија преку својот џелат Стопанска Банка АД Скопје