Капиталистичката експлоатација во Африка
Африка отсекогаш била исклучително важен регион со огромни природни богатства кои изобилуваат во нејзината флора и фауна, забележани уште со појавата на првите цивилизации.
Континентот познат како лулка на човештвото бил протагонист во антиката, период во кој кралствата и империите се истакнувале по својот раскош и богатство. Меѓутоа, со почетокот на капитализмот, од XV век па наваму, Африка станувала најпосакувана цел на алчните европските метрополи и империјалистички сили од тој период.
Така, алчните европските кралства ги насочија своите апетити кон богатствата на африканскиот континент. Тие го киднапираа и продаваа нејзиниот народ како стока, а од Африка направија свој приватен двор за колонијална експлоатација.
Во XIX век, на старите доселеници кои поробуваат и експлоатираат им се придружиле и нови нации желни за суровините со кои изобилува африканската почва.
Така, тие ја поделија Африка меѓу себе, непочитувајќи ги териториите на предците на различните народи. Се поставуваа вештачки и геометриски граници, кои по осамостојувањето на овие колонии, беа основа за недоразбирања и различија помеѓу африканските народи, што резултираше со граѓанските војни, кои избиваа насекаде поради ова историско самоволие.
Колонијалното минато на овој континент иако е завршено, сепак, ниту последиците како резултат на експлоатацијата, ниту етно-националните проблеми отворени заради вештачките граници не се завршени. Колонијализмот на овој континент се развива во нео-колонијализам, каде земјите, пред се од Западниот свет продолжуваат преку своите „зони на влијание“, т.н. традиционални врски или во улога на гаранти за безбедност, активно да дејствуваат на африканскиот континент, одржувајќи конфликтна средина која не може да се развие, непрекинато ги експлоатираат добрата, природните и човечки ресурси, кои значат егзистенција за овие народи.