Левица ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК

Денес околу 11 часот во просториите на ДИК претставниците од Левица предводени од лидерот Димитар Апасиев ја поднесоа иницијативата за референдум, која се однесува на прифаќањето на т.н. француски предлог како услов за продолжување на преговорите со Европската Унија. По поднесената иницијатива Апасиев даде изјава за медиумите:

Сметаме дека народот мора да го има последниот збор за прашање од национален интерес. Очекуваме да немаме проблеми како претходната иницијатива на ДПМНЕ! – Затоа што иницијативата е коректно напишана согласно член 24 од Законот за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните. Очекуваме до крајот на неделата да бидат собрани оние законски минимум потписи. Ги повикуваме и граѓаните, бидејки бидејки во 30 општини предложивме да се собираат потписи. Ќе ја користиме инфраструктурата на Левица, меѓутоа бидејки законот не дозволува правно лице, јас како физичко лице прво потпишан ќе бидам официјален предлагач на иницијативата.

Очекувам следната недела да ја пуштиме во собраниска процедура каде би дошла на оние собраниски филтри без Џафери да изиграва уставен судија. 150 000 потписи согласно нашиот закон треба да се соберат во рок од 90 дена. После бирократските бариери се надеваме дека тие ќе бидат брзо собрани некаде до крајот на оваа календарска година.“

Граѓанската иницијатива за дополнителен референдум е под прашањето „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022“.