Животот на работникот во Македонија

Животот на работникот во Македонија:


1.Зема минимална плата со која не може да преживее ни пола месец
2.Осигуран е на еден месец, за во случај ако се побуни на условите од работата , да може во секое време да добие отказ , а капиталистот законски не одговара
3.Работникот моли Бога да не се разболи , бидејќи не може да си дозволи лекови и лекување ( тоа е луксуз за богатите) а државните болници – катастрофа , плус застапено е мито и корупција , што работникот и тоа не може да си го дозволи
4.Работникот не може да си дозволи соодветно образование и образование на своите деца ( бидејќи сепак и тоа е луксуз за богатите)
5.Работникот не може да си дозволи да побара правда ( бидејќи зависи со кого се тужи , тужениот може да е елитен човек а со тоа недопирлив)

6.Работникот мора да се изјасни јавно дека има членска од владејачката партија во моментот ( плус мора да е сервилен , да трча и да шлапка по митинзи), во спротивно животот ќе му биде загорчен во текот на нивното владеење
7.Од сето ова горе наведено работникот не можејќи да се бори со 30 годишните елити , заминува, се иселува трајно , не гледајќи иднина и перспектива за своите деца во својата( корумпирана до срж) држава.


Статус на Оливера Стефановска, член на Левица.