Левица го “бомбардира” Бехтел-Енка со амандмани

Пратениците на Политичката партија Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов денеска поднесоа 1.111 амандмани до Собранието на Република Македонија против штетниот Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

„1.111 амандмани поднесени за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кој неуставно работната недела од 40 часа се зголемува на 60 и работниците ќе работат и недела“, напиша пратеникот Крмов во објава на социјалните мрежи.

Претходно пратеникот Апасиев предупреди дека со овие измени во Законот за работни односи власта на СДСМ и ДУИ има намера „вековното работничко право за 8 часа работа, ќе биде укинато за македонските работници кои ќе може да работат шест дена по 10 саата, или пет дена по 12 саата на ден.“

Крмов во својата објава дополни дека „Левица е против корпоративниот феудализам“ и додаде „Не отстапуваме, ќе се бориме до крај!“.