НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали корона вирусот потекнува од надвор од Кина?

Официјалниот наратив во врска со почетокот на коронавирусот е дека тој се пренесе од пазар во Вухан, Кина. Но, според анализа заснована на јапонски и кинески научни извештаи,  вирусот потекнува од друго место и тоа многу порано од јануари 2020 година. 

Откако собрале примероци на геномот во Кина, медицинските научници најпрвин покажале дека вирусот не потекнува на пазарот за морска храна во Вухан, туку има повеќе неидентификуван извори, кои датираат до крајот на ноември, преку кои потоа вирусот се проширил и на пазарот. Потоа, научниците зеле 100 примероци на геномот од 12 различни држави од 4 континенти, преку кој биле идентификувани сите варијации и мутации.  Истражувањето покажало слични заклучоци како тие на јапонските научцници- дека вирусот не започнал во Кина. 

На 27-ми јануари, врвниот кинески респираторен специјалист Жонг Наншан изјави “Иако корона вирусот за прв пат беше откриен во Кина, тоа не значи дека потекнува од таму”.

Според јапонски медиуми, вирусот не потекнува  од Кина, туку од САД.  При тоа, во овој извештај се тврди дека 14,000 смртни случаи кои биле припишани на сезонски груп во САД, се всушност последица на корона вирусот. 

Врвен виролог од Тајван исто така смета дека коронавирусот потекнува од САД.  Тој покажал дека под-типот на вирусот кој постои во Тајван постои само во Австралија и САД. Со оглед на тоа што Тајван не бил инфициран од Австралијанци, тој смета дека инфекцијата во Тајван најверојатно дошла од САД. 

Понатаму, тајванскиот виролог тврди дека во септември некои Јапонци кои патувале во Хаваи, а се вратиле дома инфицирани. Ова се луѓе кои не биле во Кина. Тоа би значело дека вирусот се шири многу подолго од неколку месеци и дека е присутен на поширока територија од тоа што досега се сметаше. 

Сомнежите ги подгреа и Центарот за контрола и превенција на болести на САД, кои досега имаат тестирано многу мал број на луѓе на територијата на државата. Директорот на Центарот, сведочеше пред Конгресот за причината зошто тестовите толку бавно се доставуваат до здравствените институции низ САД. 

До 8-ми март само 1707 американци биле тестирани за корона вирус, што е пет теста на милион луѓе. Дури и во Македонија се направени повеќе тестови во просек. За споредба, во Јужна Кореја се тестирани 189,000 луѓе.