АктуелноИнтернационално

Кризата на капитализмот и недостатокот на храна (втор дел)

  • Пишува Никола Петров – Координатор на Левица – Земјоделски сектор

Во ерата на неолиберализмот, економските политики како NAFTA (North America Free Trade Agreement) и при реструктуирањето на долговите,  сиромашните земји од страна на ММФ се оставени во бесконечен циклус на сиромаштија, а за сметка на собирањето на  огромни профити за владејачката капиталистичка класа,  додека истовремено се уништуваат  животите на милиони работници.

Пченката како пример. Пченката е обилна, лесно се складира и неверојатно евтина основна храна, и може да се вклучи во исхраната кај населението кое се соочуваа со глад поради недостаток на зеленчук. Во Мексико, каде што за прв пат се одгледувала пред илјадници години, пченката одамна стана не само извор на храна за мексиканскиот народ, туку и силен дел од културата.

Со потпишувањето на NAFTA  во 1993 година, администрацијата на Клинтон си постави за цел доминација на САД на пазарите на храна во најголема можна мера. Оттогаш Мексико стана втор најголем увозник на пченка во светот, по Јапонија.

Во САД, 40 отсто од пченката во земјата се користи за биогорива. Сега, една шестина од светската понуда на пченка ја трошат автомобилите во САД. За 33 години, по цена од 20 милијарди долари, федералната влада им плаќаше субвенции на нафтените компании за ставање етанол од пченка во нивното гориво.

Со зголемената популарна побарувачка за еколошки практики, федералните агенции, нафтените гиганти и агробизнисот го користат еуфемизмот на биогоривата за да обојат „зелен“ фурнир на нивните деструктивни практики. Иако е потребно маргинално помалку гориво за да се произведе пченкарен етанол отколку енергијата што излегува од него, процесот навистина значи систематско уништување на залихите на храна насочени кон регулирање на пазарните цени со согорување на вишокот – храната што не може да се продаде со профит.

Пченката е и добиточна храна. Како резултат на тоа, постои силна и директна врска помеѓу цената на пченката и цената на млекото, јајцата и месото.

Тим Вајз, директор за истражување на политиката на Институтот за глобален развој и животна средина на Универзитетот Тафтс, објави извештај во 2012 година во кој е документирано она што тој го нарекува „побарувачки шок“ од производството на пченка како биогориво. Ги документира милијардите долари што „партнерите“ на NAFTA во Централна Америка ги плаќаат за американска пченка откако со векови беа едни од најголемите производители на пченка.

Во интервјуто за неговиот извештај, Вајз го употреби зборот „иронично“ за да ја опише противречноста на Мексико, порано една од најголемите земји за производство на пченка, која сега ја увезува оваа култура. Едноставно да се каже дека е иронично, се игнорира фактот дека производството на пченка во Централна Америка е намерно задушено со субвенциониран увоз од САД.

Не само што контролата  на храната го контролира и профитот, туку контролата на храната игра голема улога  и во контролирањето на луѓето. Пченката не е единствениот прехранбен производ кој либералната  трговија го стави под контрола на корпорациите. Методот на производство на стоки во САД има длабоко влијание на глобалните пазари, особено е изразено врз сиромашните земји што се експлоатирани од САД.

Доминација на странските пазари, уништување на локалното земјоделство.

До 2012 година, САД трошеа околу 20 милијарди долари годишно за извозни субвенции за да ги задржат цените на храната ниски на странските пазари. На Хаити, либерализацијата на земјоделските пазари во период од само 14 години (од средината на 1980-тите до почетокот на 1990-тите) резултираше со 40 отсто пад на домашното производство на ориз, додека увозот од САД порасна од 4 на 63 отсто од оризот на Хаити.

Програмите на ММФ во Кенија, Сомалија, Малави и други земји низ Африка на сличен начин го уништија производството во текот на годините. Како целина, Африка претрпе неухранетост, глад и војна поради економските политики наметнати од глобалниот капитализам, предводен од владејачката класа на САД.

Но, зошто има глад во најбогатата земја во светот? Освен 20 милијарди долари кои се трошат годишно за субвенции кои ги задушуваат земјоделските економии и ја продолжуваат сиромаштијата во другите земји, САД имаат своја угнетувачка и расипничка политика. Законот за безбедност на храната донесен во 1985 година и продолжи во различни форми, бидејќи им дозволува на земјоделците да аплицираат за исплати од 50 американски долари за акр(0,4 хектари) земја на која не садат земјоделски култури. Оваа субвенција има за цел да го регулира производството на млечни производи, волна, пченица, добиточна храна, памук, ориз, кикирики, соја и шеќер.

Производството на храна, како и повеќето други индустрии во САД, е доминирана од монополските корпорации. Семејните фарми се речиси целосно заменети со корпорации со пристап до повеќе капитал, повеќе технологија и повеќе работна сила. Како и земјоделците во Мексико, Кенија, Индија и во целиот свет, американските земјоделци се сè повеќе неспособни да се натпреваруваат со масивни корпорации.

Масовното зголемување на трошењето храна започнува токму таму. Неодамнешниот извештај на Советот за одбрана на националните ресурси покажува дека производите може да се изгубат не само поради природни појави како што се времето и штетниците, туку и поради тоа што капиталистичкиот економски систем произведува храна врз основа на предвидувањата на пазарот, наспроти внесот на калории потребен за луѓето да се нахранат.

Ако пазарните цени се премногу ниски за време на жетвата, некои култури може да останат на полето бидејќи нивната берба нема да ги покрие трошоците откако ќе се пресметаат трошоците за работна сила и транспорт. Врз основа на шпекулациите за побарувачката, особено корпоративните одгледувачи  може да засадат повеќе култури отколку што има побарувачка на пазарот по тековни цени. Следствено, цели полиња со храна може да останат неожнеани и изорени бидејќи не можат да се продаваат без профит.

Околу 7 отсто од земјоделските полиња во САД остануваат целосно неожнеани. Кога има презаситеност на пазарот за одредена прехранбена стока, таа бројка може да се искачи до 50 проценти. Шестгодишната просечна загуба на овошни и зеленчукови култури претставуваше најмалку 97.000 хектари неожнеани годишно. Според проценката на Feeding America, повеќе од 6 милијарди фунти свеж производ секоја година остануваат неожнеани или непродадени.

Планетата Земја има повеќе од  доволно капацитети и луѓето што ја населуваат да го нахрани секое човечко суштество на неа. Човештвото има огромен потенцијал поради технолошкиот напредок што ни овозможува да произведуваме во големо изобилство. Продуктивниот капацитет никогаш не бил толку голем како што е денес. Но, ние сме задушени од контрадикторноста дека едно мало малцинство, владеачка капиталистичка класа,  поседува најголем дел од средствата за производство и ги контролираат само за нивна корист.

Во капиталистичкото општество, мотивот зад производството на храна не е да се нахранат луѓето, домувањето не е направено за да им се даде засолниште, облеката не е направена за да ги загрее, а здравствената заштита не се нуди првенствено за одржување на здравјето на луѓето. Сите овие работи, кои се и треба да се гледаат како основни права, не се ништо друго освен стока – што треба да се купи и продаде – од која може да се оствари профит. Ако не може да се оствари профит, обично поради хиперпродукција во однос на пазарот, стоката се смета за бескорисна и капиталистите ја  уништуваат.

Така да, кога се прашуваме зошто има глад во светот, зошто милиони умираат од неухранетост, вината не смееме да ја бараме во Бог, туку во неолибералниот капитализам и таа мала група на луѓе, помалку од 1% што ги контролира останатите 99% од населението.

Што е потребно за да се реши гладот? Економија  која свесно е планирана, пазар кој е регулиран, власт во рацете на работничката класа, само тоа може да ја задоволи човековата потреба за храна како и потребата за домување, образование и здравствена заштита. Она што ни треба другари и другарки е социјализмот.