Звукот на Скопје

  • Градски летен културен фестивал

„ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ“ е фестивал кој ќе се случи на 16 и 17 септември во организација на Културно информативниот центар – Скопје.

Во деталите за настанот стои:

„Звуците на чаршијата“, оваа година под девизата „ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ“ ќе прерасне во фестивал со многу новини и ребрендиран концепт. Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје ќе биде во формат на дводневен летен фестивал на отворено, на кој ќе настапат актуелни и свежи локални и интернационални имиња.

„Звукот на Скопје“ значи свеж здив во долгото и жешко скопско лето и обид за заситување на културната жед на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда од спектарот на активности на центарот.

 „Звукот на Скопје“ значи и нов, летен, open air фестивал, кој има намера да прерасне во ново скопско музичко жариште. Простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи кој сѐ уште ја бараат довербата од градот. Значи и промовирање на нови концертни локации, оживувајќи ги во културен контекст.

Програмата може да ја видите на следниот линк: https://www.facebook.com/events