Ослободени од партиципацијата за престој во градинки децата во ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев‘‘

  • Соопштение на ЛО Левица Богданци

Услов: Вкупните месечни примања на родителите во последните 6 месеци од 2022 година да не изнесуваат над 37 000 денари месечно!

Првиот од условите за поддршка на Буџетот на Општина Богданци од страна на Левица – Богданци и советникот Тодоров за 2023 година е усвоен.

Обезбедени се парични средства за реализирање на оваа мерка со носењето на буџетот. Во деновите кои што следат подетално ќе биде објаснет процесот за потребна документација и добивање на решение за ослободување од плаќање на Партиципација за престој во градинка.

Ако нешто ветивме пред изборите, ветивме дека ќе ,,уценуваме” со проекти и предлози кои се во интерес на граѓаните .

Нашата цел е целосно ослободување од партиципација за градинки но за жал тоа не доби во никој случај поддршка ниту од СДСМ ниту од ДПМНЕ!

Според спроведената анкета, станува збор за ослободување на околу 50 дечиња од плаќање на партиципација.

Голем успех за нас, мал во споредба со тоа што можеме да го постигнеме во иднина.

Додека на политичките партии ДПМНЕ и СДСМ им е дојдено до тендери, кражби и избори, нашата цел е носење квалитетни одлуки и подобрување на стандардот на граѓаните.