АктуелноЛокално

(Видео) Пендаровски исвиркан и во Струга

На ракометниот турнир што се одржува во Струга беше гостин Претседателот Стево Пендаровски, кој и овој пат беше исвиркан од сопствениот народ.

Пендаровски го следеше натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Татран Прешов, што го добија битолчани. Откако неговото присуство беше најавено од официјалниот спикер на натпреварот, од трибините веднаш одекнаа бројни свирежи, детаљ што не можеше да не биде забележан од камерите.

Потсетуваме, Пендаровски претходно беше исвиркан во својот роден крај Галичник, а тој е и единствениот претседател кој никогаш за Илинден не бил присутен на Мечкин Камен, поради страв од евентуалното исвиркување.