Ванковска: Само една партија ќе остане со чист образ и „нешто меѓу нозете“
По вчерашните протести кои се одржаа пред Владата, каде револтот ескалираше со првите инциденти, а подоцна толпата предводена од Апасиев и Левица отиде пред Собрание да ја пренесе пораката на социјалните мрежи се огласи професорката Билјана Ванковска.
По инцидентите, таа, алудирајки на Левица, оценувајќи ја храброста на нејзините активисти, истакна дека само една партија ќе остане со чист образ и со „нешто меѓу нозете“.
Мачно ми е, толку многу, посакувам да грешам (ама пуста Касандра) – но подготвена сум да се обложам дека на крајот ќе остане само една партија со чист образ и со „нешто меѓу нозете“…
Професорката од филозофскиот факултет додаде дека очекува големите партии уште еднаш да не предадат.
Големите ќе не’ предадат (ако веќе не го сториле тоа), можеби ќе викаат „срамота, срамота“ и ќе бараат „чесен пораз“. Им доаѓаат камшикарите од Брисел, ги држи на око Калето, сакаат власт по секоја цена.
Таа, коментирајки ги активностите на ВМРО-ДПМНЕ на протестот, искажа разочараност и гнев.
Јас на игри и песни не излегувам кога сум гневна …
Игри, песни, поезија, програма – сето тоа е за културно-уметнички друштва, а не за протестно движење.