„Со францускиот предлог преговорите (не) се отвораат веднаш туку се комплицираат“

„Преговорите (не) се отвораат веднаш“

Преговорите се отвораат по министерската конференција и по измената на Уставот, со што е задоволено бугарското барање. Политичкиот состанок е измислен како увертура за Владата на Македонија да може да го прикаже ова како отворање на преговорите.

Сепак, ова не е клучното прашање. Клучното е дека Владата се фокусираше само на отворањето на преговорите, но не и на нивниот тек и завршување.

Македонија не обезбедува никакви гаранции за завршувањето на преговорите.

„Гаранции дека (нема да) има натамошни условувања од Бугарија“

Нема никакви гаранции во предложените документи дека нема да има натамошни бугарски условувања. Наспроти тоа, Бугарија со овој пакет си ги обезбеди гаранциите однапред – нејзините барања стануваат целосно дел од процесот на пристапување и добиваат легална основа во пакетот на документи на ЕУ.

„Протоколот (не) е дел од Преговарачката рамка“

Во Општиот став (кој ја вклучува Преговарачката рамка) јасно е упатувањето на член 12 од Договорот со Бугарија – преку “годишен преглед и мерки за негово ефективно спроведување….” во согласност со низа документи, меѓу кои и „други заклучоци на Советот“.

Обидот да се скрие протоколот во Преговарачката рамка е провиден.

Извор: off.net.mk