Ќе продолжиме да го спориме секое лошо урбанистичко решение

  • Фејсбук статус на Дарко Ристовски – член на ЦК на Политичката Партија Левица

Свесни за опасноста од континуирано измачување и силување на општинскиот простор со уште една мега-градба, налик на зградите на Настел, Гранд Престиж на Прашка или “дијамантот” на Чифлиганец на Московска, на вчерашната седница на Општина Карпош, советниците донесоа одлука за забрана за издавање дозвола за градба во рамките на ДУП за градскиот кварт З 05 блок 08, односно во делот каде што е предвидена изградба на 28-катница, во близина на поликлиниката „Букурешт“.

Апсурдна и неточна е констатацијата на градоначалникот Јакимовски дека со оваа одлука се оневозможуваат сите планови. ДУП-ови постојат, а постоечките урбанистички планови се спроведуваат, освен тие кои се спорни и не се од интерес на жителите на општината.Градоначалникот со месеци наназад ги саботира и откажува седниците со обид да го делегитимира Советот на Општината не бирајќи начин и средства, а се со цел за да направи сценарио за избор на нов совет.

Ќе продолжиме да го спориме секое лошо урбанистичко решение кое може да им одземе од квалитетот на живот на карпошани. Општина Карпош има потреба и заслужува градоначалник кој ќе ги стави на прво место интересите на своите жители пред бизнис интересите на мала група градежни опортунисти.