Крмов: Се плашат од народот
Пратеникот од редовите на Левица Борислав Крмов вечерва повика што повеќе луѓе да се приклучат на протестите пред Собрание, кои траат веќе дванаесет дена, а последните два дена истите траат повеќе од 10 часа дневно. Истовремено повеќе групи на кампери се останати пред Собрание, меѓу нив се и активистите од Црвена младина.
Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај! Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ! Излегувајте сите пред Собрание!!! – Напиша Крмов.
Во меѓувреме пратеникот Димитар Апасиев доби збор, по што следуваа бројни реплики од пратениците, а бројот на протестирачи пред Собранието почна да расте. Непосредно по ова Џафери ја одложи Седницата за утре, по што Крмов уште еднаш се огласи и напиша.
Ви се плашат да знаете! Власта ви се плаши! Се плашат од народот! На 3 говорника до крај, Талат ја прекина седницата, иако беше решен да ја тера до крај! Живи се Македонците! Храбри се Македонците! Сите да знаат! Кој не знае, ќе дознае!