Илинден наплаќа за одведување на фекални води во каналска мрежа

  • Реакција на Левица ЛО Илинден

ЈКП Водовод со допис призна дека каналите наменети за атмосферски води ги сметаат за вид на канализациона мрежа со што дефакто здравјето на голем дел жители на Општина Илинден се става во опасност!

Каналските мрежи во Општина Илинден, иако се наменети исклучиво за одведување на атмосферските води, благодарение на минатото раководство на ДПМНЕ, кое го започна овој проект, и сегашното кое го продолжува, ги става жителите во опасност од разни болести поради фекалиите што се шират на отворен простор.

Освен што здравјето на жителите се става во опасност, видно од документот, на 1184 семејства им се наплаќа за непостоечка услуга бидејќи фекалните води од корисниците се носат во каналската мрежа што служи за заштита од поплави.

Со ова ДПМНЕ покажува дека се исти како СДС кои на граѓаните наплаќаат за непостоечки услуги, на пример СДС преку регулаторна комисија за пристап до мрежа во сметките за електрична енергија, а ДПМНЕ преку ЈКП Водовод за канализација во непостоечка канализациона мрежа!