Апасиев: Францускиот предлог е најлош досега – нашата генерација нема да дочека влез во ЕУ

На денешното обраќање во Собранието, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, истакна дека францускиот предлог е најлош досега и дека тој е резултат на неуспешната дипломатија предвoдена од Бојан Маричиќ и Бујар Османи.

Најголемите македонофоби во Бугарија кажаа дека францускиот предлог е чудо на бугарската дипломатија. 17-2 е резултатот од нашата недоквакана дипломатија предводена од Маричиќ и Османи . Францускиот предлог кој е најлош досега парадоксално е анти-европски.  Кога ќе го прифатите, никогаш нема да станете членка на ЕУ. Составен е од четири документи, од кои само три ни се доставени. Протоколот не ни е доставен и во тој документ е целото предавство.

Како мали деца ве лажат со лижавчиња и ви измислија двофазно условно отворање на почеток на преговори.  Ви измислија без преседан политичка меѓувладина конференција. Не постои такво нешто во европско право. Промена на Устав пред да ги почните преговорите – тоа само покажува дека ЕУ нема визија за Западен Балкан и ќе не’ вози 30 години. 

Нашата генерација нема да дочека да влезе во ЕУ.  Немате никакви писмени гаранции за натамошно условување и тоа и самиот Пендаровски ви го кажа. Протоколот е дел од преговарачката рамка преку членот 12, кој го потпиша Заев во тој фамозен Договор за добрососедство.

И нема да аргументирам правно, не ви влегуваме во таа квака како со Преспански, каде ви антиципиравме однапред и се ви кажавме како ќе биде. Затоа сте северномакедонци. 

Историјата влегува во дел од рамката и за прв пат македонскиот јазик , кој што е кодифициран со АСНОМ, кој што е меѓународно признат преку ООН, за прв пат со унилатерална изјава влегува во меѓународна организација со наша согласност – што е најголемиот апсурд. 

Со вакви дипломати толку можеме, за жал.” – истакна пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.