Фото-галерија од транспарентите и паролите со кои протестираат активистите на Левица
Веќе десет дена траат протестите против прифаќањето на „францускиот предлог“ со кој се врши бугаризација на Македонија.
Овој предавнички потег кој го приготвуваат Владата на СДСМ и ДУИ, а е под покровителство на европските бирократи за некоја замислена „повисока цел“, кои ги негира речиси сите атрибути на македонското постоење, како никогаш досега го обедини народот да излезе на улиците и непрекинато да протестира со денови.
Веќе традиционално кога станува збор за протести, активистите од Политичката партија Левица секогаш доминираат со своите транспаренти, пароли и перформанси за време на маршовите. Во прилог фото-галеријата каде можат да се видат дел од транспарентите и паролите кои секојдневно „шетаат“ низ улиците на главниот град.