Апасиев: Си играте со погрешната генерација
По вчерашната ескалација на протестите која заврши со бутнати огради пред Влада и Собрание и порака испратена од народот до политичката елита со јајца, тоалетна хартија и боја, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој ја водеше толпата, се огласи после протестот.
„Си играте со погрешната генерација,“ – напиша Апасиев по протестите. Тој ја водеше толпата од која одекнуваа паролите „Предавници, фашисти, клети врховисти, АСНОМ живее“ и многу други, а пораката од народот до Владата и Собранието беше испратена со јајца, тоалетна хартија и боја.
Во изјава за Канал 5, пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, кажа дека денес францускиот предлог ќе помине на Влада поради што е потребна масовност. Тој ги повика граѓаните утре да дојдат повторно пред Влада, истовремено го најави и планот „Б“ на Левица.