(ВИДЕО) Денес протестите ескалираа – лидерот на Левица во првите редови

На денешниот протест против бугаризацијата, тензијата ескалираше кога демонстрантите почнаа со фрлање јајца и тоалетна хартија кон Владата. Меѓу предводниците од демонстрантите беа пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Демонстрантите потоа се упатија кон Собрание, каде повторно беа фрлени јајца кон зданието. Во изјава за Канал 5, пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, кажа дека утре францускиот предлог ќе помине на Влада, поради што е потребна масовност. Тој ги повика граѓаните утре да дојдат повторно пред Влада, по што ќе се посети и претседателот Пендаровски.

Апасиев најави и план Б од страна на Левица и кој ќе биде соопштен веднаш по усвојувањето на предлогот.

СИ ИГРАТЕ СО ПОГРЕШНАТА ГЕНЕРАЦИЈА! 🔥 #NoPasaran

Posted by Левица on Monday, 4 July 2022