АктуелноЕУИнтернационалноЛокалноСтав

Османи: Какво е името на земјата, така се нарекуваат и жителите

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување во емисијата „10 Минути“ застана во првите одбранбени редови на францускиот претседател, Емануел Макрон, откако македонскиот народ го ослови како „Северномакедонци“.

Министерот вели дека Макрон во изјавата немал никаква лоша намера иако придавката ја има употребено во повеќе од еден наврат, а потоа изјави:

Вообичаено, какво е името на земјата, така се нарекуваат и жителите. За нас е специфично. И додека да стигне таа информација до францускиот претседател во услови кога он ја води целата ЕУ, се разбира дека е потешко.

Како дел од владеачката коалиција министерот е свесен за јавното ветување дадено со потпишувањето на Преспанскиот договор дека придавки од таков тип нема да се употребуваат и строго ќе се осудуваат, но за жал секојдневно сме сведоци на спротивното и таквите изјави никогаш не биле осудувани.