ССМ во штрајк вчера беа пред Собрание денес пред Влада
Јавниот сектор стапи во генерален штрајк. Вработените се на своите работни места но, работните задачи ги извршуваат делумно само за итни потреби на граѓанните.
Откако вчера беа поставени 120 столчиња како симбол на бројот на пратеници пред собрание, денес тоа од синдикатот го направија пред владата поставувајќи 21 столче, по едно за секој министер.
Вчера, дел од членството на ССМ протестираше 4 часа пред законодавниот дом со барање пратениците да го изгласаат амандманот за покачување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари, колку што порасна минималецот, денес тоа тие го прават пред Влада.
И здравствените работници штрајкуваат но, со оглед на тоа што се работи за неопходна дејност поголем дел од медицинскиот кадар е на располагање, иако штрајкуваа 1 час пред болниците.
Штрајкот на ССМ денес ќе биде во периодот од 10 до 14 часот и ќе ја блокира улицата пред Владата.