Божиновски: Уметниците го креваат гласот само кога не се задоволни од владините хонорари

  • Фејсбук статус на Божидар Божиновски, македонски писател и сценарист

Од друга страна, со чест на исклучоците, уметниците го креваат гласот еднаш годишно – кога нема да се задоволни од хонорарите од власта. Ги нема по ниедно општествено прашање во надеж дека молкот ќе биде “ценет” од Министерството за култура.

Ги немаше за промена на историја, јазик, идентитет, за загадување, за корупцијата во општеството, за помош на болни, за сите неправди кои се случуваат. Сега само ќе покукаат неколку дена оти системот во кој се соучесници не им фрлил доволна голема коска. И то шо го добивате многу ви е. Имате огромна моќ и не ја користите за подобро општество. Па сега собирајте плодовите.