Кои се најголемите лаги за ДНР Кореја напишани од Западните медиуми

  • Северна Кореја го освои светското првенство во фудбал, на мажите им е наредено да имаат фризури како Ким Џонг Ун, севернокорејските научници пронашле гроб на еднорог, Ким го погубил својот вујко фрлајќи го на 120 кучиња – ова се дел од насловите на лажните вести на Западните медиуми за ДНР Кореја.

Во прилог ви ги пренесуваме петнаесетте најголеми лаги напишани за оваа земја во Западните медиуми.

Јужна Кореја ги зароби севернокорејските дронови

Оваа вест ја лансираше јужнокорејската новинска агенција Yonhap, а ја пренесоа речиси сите светски весници. Меѓутоа, после само неколку дена се покажа дека не станува збор за дрон, туку за дел од врата на мобилен тоалет, па агенцијата Yonhap ја повлече веста.

Кога станува збор за деманти во врска со веста, загрижувачко е тоа што многу мал број од медиумите што ја споделија истата, не го споделија и демантот, а сосема сигурно е дека нема да се најде на насловната страна како и веста. Неколку дена пред демантот, јужнокорејската агенција лансирала и фотомонтажа на слика од Ким Џонг Ун за време на наводниот преглед на дронот. Оригиналната слика можете да ја видите тука:

Севернокорејските археолози пронашле гроб за кој веруваат дека припаѓал на еднорог

Од западните медиуми, прв веста ја споделил британскиот Guardian, а потоа како оган се прошири низ целиот свет, додека сите ние уживавме мислејќи дека не живееме во држави кво кои народот верува на се што ќе му се сервира од горе и во кои би биле принудени да слушаме секакви небулози.

Во воведниот дел од текстот од Guardian стоеше “Нормално, официјалната државна новинска агенција на Северна Кореја е место каде што можете да најдете извештаи од научно-фантастичните достигнувања на изолациониот тоталитарен режим до бесконечната љубов што луѓето во оваа земја ја имаат кон нивните лидери…”, а потоа во текстот се наведува дека во земјата која одбива да ги прифати западните вредности, луѓето веруваат во еднорози.

Само после една недела, истиот весник Guardian излегува со демант, а редакцијата за да избегне одговорност, ја обвини јужнокорејската државна новинска агенција KCNA за погрешно преведување на вестите.

Всушност, во гробот кој го откриле севернокорејските архелози бил изгравиран знак на митското суштество Кирин, што укажува на тоа дека се работи за гроб на некој важен владетел. За целата приказна да биде уште посмешна, во Северна Кореја не постои збор за еднорог, па тамошните функционери не разбрале најдобро за што точно западните медиуми креваат прашина.

Ким Џонг Ун го погубил својот вујко фрлајќи го на 120 кучиња

Оваа вест на Западот првпат ја пренел британскиот Independent, преземајќи ја од кинескиот весник Вен Веј По, а за брзо се прошири низ целиот свет.

Наводно погубениот планирал државен удар, па затоа бил соблечен гол и фрлен меѓу кучињата.

На уредниците на Independent им беа потребни три дена за да сфатат дека кинескиот весник се занимава со сатира (книжевна форма во која се исмејува личност, група, држава или власт) и дека веста не е вистинита, по што објавија демант.

Северна Кореја погубила 80 луѓе бидејќи гледале странски филм на стадион

И овој пат веста прв ја пренесува британскиот Independent, а потоа ја споделува цел свет. Сега како извор на веста се наведува јужнокорејскиот весник JoongAng Ilbo, кој пак не го цитира изворот на истата. Во веста се тврди  дека луѓето биле погубени поради гледање странски филмови, додека десетици илјади други биле принудени да ги гледаат егзекуциите.

За оваа вест немаше никаков демант, иако се прошири насекаде, но, во корист на другата страна е тоа дека на годишниот филмски фестивал во Пјонгјанг се прикажуваат филмови од целиот свет, вклучувајќи ги и британските, како и од други западни земји.

Ким Џонг Ун ја погубил својата поранешна девојка

Овој пат приказната ја пренесува  британскиот Telegraf, повикувајќи се на јужнокорејски извори. Оригиналната вест беше објавена од јужнокорејскиот весник Чосун Илбо, чија главна мисија е да ја сатанизира владата на КНДР, повикувајќи се повторно на неименувани извори од Кина.

Наводно пејачката Хјон Сонг-вол, обвинета за кршење на Законот за порнографија била одведена на стрелање. Надлежните лица од Северна Кореја не доставиле демант, па веста се сметаше за точна.

Меѓутоа, се покажа дека функционерите на Северна Кореја ги дознале овие медиумски измислици преку Гугл, ама едноставно ги изигнорирале. Пејачката продолжила со животот и кариерата, а девет месеци подоцна јавно се појавила на државната телевизија.

По ова, западните медиуми не доставија демант, а само британскиот Daily Mail го забележа воскреснувањето на оваа девојка и објави вест со наслов „Назад од мртвите“.

Севернокорејско видео: Американците јадат птици и пијат стопен снег

Ова видео, кое го споделија сите поголеми светски медиуми, наводно е дело на севернокорејската централна новинска агенција, која имала намера лажно да им ги претстави условите за живот во Америка на севернокорејските граѓини.

Во севернокорејскиот видео клип се прикажува Романија и се споредува денешниот живот со животот во социјалистичката ера, а вметнат е англиски превод кој нема апсолутно никаква врска со корејската нарација. Според англискиот превод, видео клипот е за Американците и прикажува како тие живеат гладни и жедни, јадејќи птици и пиејќи стопен снег за да преживеат.

Автор на преводот е Британецот Алан Хил, кој не разбира ниту еден корејски збор.

За да биде уште посмешно, Хил не го крие фактот дека се работи за фалсификат, а за Huffington post искоментирал дека се уште не може да поверува дека го пренеле неговиот видео клип, Huffington post беше единствениот медиум кој ја демантираше веста, заклучувајќи: „Подобро и останатите медиуми што побргу да го демантираат ова, пред севернокорејците да сфатат колку сме сите ние глупави“.

Ким Џонг Ил постигнал одличен успех во голф

Оваа вест ја објави New York Times исмејувајќи го раководството на КНДР за ширење на дезинформации, како и народот што верува во такви приказни.

Меѓутоа, изворот на овој медиум, британскиот спортски весник “Golf club menagement”, за брзо ја демантираше веста и посочи дека е шeга, нагласувајќи дека не постојат докази за тоа и дека владата на КНДР никогаш не соопштила нешто слично, па дури и нивниот новинар што престојувал таму можеше да потврди дека никој во Северна Кореја не прочитал нешто слично во весниците. New York Times не достави демант, па така сега целиот свет верува во таа приказна.

Жителите на Северна Кореја се принудени да плачат поради смртта на Ким Џонг Ил

Веројатно добро се сеќавате на оваа вест, бидејќи долго време беше на насловните страници. Веста прв ја објави американскиот весник NY Daily News, повикувајќи се на коментарот на водителот на телевизијата Fox News, Вилијам О’Рајли, кој рече: „Им платија со хамбургери за да плачат, бидејќи храна во таа земја нема“, како и на пишувањето на новинарот од New Yorker Филип Гуревич, кој сцените на расплаканите граѓани ги нарече резултат на “ментална и физичка тортура“.

Како што можеме да заклучиме, не се презентирани никакви валидни докази за тоа дека граѓаните биле принудени да плачат, а во прилог на тврдењето дека приказната е невистинита, има и видео од Јужна Кореја, на кое жителите на оваа земја плачат традиционално на ист начин по смртта на претседателката на оваа земја, Парк Чунг-хе, како и нивните сонародници од север по смртта на Ким Јонг Ил.

На жените во Северна Кореја им е забрането да возат велосипед

За оваа приказна нема премногу детали, доволно е да се знае само дека приказната најпрвин ја објави американската телевизија NBC News, а потоа сподели видео од градот Хамхунг во Северна Кореја, на кое јасно се гледаат жени велосипедисти.

Северна Кореја го освои Светското првенство во фудбал

Се сеќавате ли на оваа приказна? Сигурно се сеќавате на веста, ама не и на демантот.

Веста прв ја објави канадскиот весник Toronto Sun, а ја презеде од јутјуб каналот Korea News, кој исклучиво се занимава со фабрикација на вести од Северна Кореја.

Се разбира, веста ја презедоа и други медиуми, а само Yahoo sports и британскиот Telegraph излегоа со демант, истакнувајќи дека иако раководството на КНДР има бујна имагинација,  видео клипот на јутјуб е лажен.

На сите мажи им наредиле да имаат фризури како Ким Џонг Ун

Овој наслов е презеден од еден  „угледен“ весник, па затоа погледнете на интернет за да се уверите во намерното и свесното ширење на дезинформации од страна на домашните медиуми кога станува збор за Северна Кореја, а исто така и за нивниот апсолутно проимперијалистички став кој е во интерес на големиот капитал на централните земји.

Инаку, оргиналната вест е објавена од BBC и  гласи „На студентите им наредиле да се стрижат како Ким Џонг Ун“.

Се разбира, демантот стигна за многу брзо, но, не од агенциите кои ја објавија оваа вест, туку од агенцијата Associated Press која испратила новинар во Пјонгјанг за лично да ја потврди веродостојноста на приказната.

Наместо демант, западните новинари малку ја променија приказната, па скандалозниот наслов беше сменет во „На жените во Северна Кореја им се дава избор помеѓу само 18 типа на фризури“. Повторно, дел од нашите медиуми  ја пренесоа веста.

Но, Associated Press ја демантираше и таа лага, објавувајќи дека фотографијата со различни типови женски фризури за која зборуваат западните медиуми е само една од многуте што се поставени пред сите фризерски салони во Пјонгјанг, за да привлечат клиенти.

Фудбалери од Северна Кореја биле измачувани поради неуспех на Светското Првенство

Овој пат приказната прв ја споделува Radio Free Asia. Како и до сега, Северна Кореја ги игнорираше овие измислени вести, па сите претпоставија дека се точни. Оваа приказна го раздрма целиот свет, па дури и FIFA се огласи и најави истрага.

Истрагата се покажала како залудно трошење на време и пари, а Сеп Блатер лично изјави дека FIFA не успеала да најде докази што би ја потврдиле оваа вест.

Ким Џонг Ун го разнесе министерот со проектил

Неодамна имавме можност да ја прочитате оваа вест во нашите медиуми, а таа е уште една во низата измислици на империјалистичкото новинарство.

Оваа вест беше објавена истовремено од Telegraph, Daily Mail, Independent, Washington Post, NY Daily и Huffington Post, а весникот Foreign Policy прв се посемнева во веродостојноста на оваа вест и откако ја истражил позадината на приказната, открива дека изворот е повторно јужнокорејскиот весник Chosun libo што всушност се информира само од Министерството за Надворешна политика на Јужна Кореја.

 Северна Кореја испрати астронаут на сонцето

Веројатно ќе помислите дека никој не би паднал на ова, но, се лажете. Оваа сатирична вест објавена од Waterford Whisper News, во која всушност се исмеваат западните медиуми поради тоа што секој месец измислуваат по некоја неверојатна вест за Северна Кореја, дел од медиумите ја дочекаа со ентузијазам, па дури и Canada Free Press се понадева дека веста е вистинита .

Демантот, како и секогаш, стигна од други извори.

Ким Џонг Ун составува “Одред за задоволство“ од млади девици

Оваа вест можеше да се прочита во локалните медиуми, но, истражувањата откриле уште една лага на западното новинарство и нивните колонијални ограноци на Балканот, а целата статија можете да ја прочитате тука.

Се чини дека луѓето во Северна Кореја знаат повеќе за нас отколку ние за нив, и ако некој е во неволја затоа што верува во се што објавуваат медиумите, тоа сигурно не се тие.

КНДР успешно се спротивстави на притисоците на западниот империјализам, чие главно оружје е ширењето на нивната супериорна идеја преку медиумите, па на тој начин доби поддршка и за своите неоколонијални проекти.

Во овој случај, се чини дека западните медиуми веќе уживаат поддршка од своите граѓани, па затоа од  корист е на Балканот да се знаат двете страни. Ваше е да се едуцирате и да му одолеете на перењето мозок.