Белгија го враќа забот од Патрис Лумумба како обид да се извини за геноцидот

Блегиската влада ќе го врати златниот заб од антиколонијалниот лидер Патрис Лумумба на неговата фамилија, како обид да се извини за геноцидот и повеќе од 10 милиони сурово убиени Конгоанци.

Реликвија е се што е останато од Патрис Лумумба, првиот премиер на Демократска Република Конго, порано позната како Република Конго.

Да се потсетиме дека Патрис Лумумба, беше икона на борбата против колонијализмот во Африка, убиен од сепаратисти и блегиски платеници 1961 година.

Потекнува од земјоделско семејство, роден на 2 јули 1925 година во Оналуа, во регионот Катакомбе во провинцијата Касаи на Белгиско Конго.

Убијците ги раствориле во киселина неговите посмртни останки, но забите биле зачувани за да потсеќаат на неговата ликвидација.