Наместо да ги реши горливите проблеми на работничката класа, власта непродуктивно троши државни пари
- Реакција на Левица – Сектор Економија
Улогата на една левичарска власт е да го распредели богатството од имотните класи кон работничката класа. Улогата на една левичарска власт е да ја присили олигархијата да биде „солидарна“ со оние на чиј грб се богати. Улогата на една левичарска власт не е и не смее да биде да бара солидарност од сиромашните и да ја маскира класната поделба на општеството.
Земено предвид тоа што оваа власт се декларира како социјал-демократска и левичарска, неприфатливо е што:
- Власта не прифати укинување на апанажата и патните трошоци на функционерите. Годишно патните трошоци и апанажите влечат 1 милион евра од буџетот!
- Власта продолжува да исплаќа по 10 милиони евра годишно на фиктивно вработените во министерството на Груби!
- Трошоците за ЕУ и НАТО во овогодинешниот буџет власта ги зголеми за неверојатни 156 милиони евра годишно!
- Власта продолжува да купува оклопни возила и артилериски системи и во 2022 година од земји членки на НАТО, иако лани набави оклопни возила од САД во износ од неверојатни 210 милиони евра!
Овие непродуктивни трошоци се покриваат со:
- Намалувањето на субвенциите, надоместоците за невработени и социјалните надоместоци за 150 милиони евра!
- Одбивањето да се покачи платата на наставниците за 18%, кои и со најагресивните пресметки, нема да чинат повеќе од 20 милиони евра годишно!
- Дополнителни приватизации на државно земјиште!
- Дополнителни задолжувања!
Левица поднесе низа на конструктивни предлог закони во корист на работничката класа, сиромашните и маргинализираните, кои власта ги одби. Меѓу нив се предлозите за:
- Реципроцитетно воведување на апанажа и за работниците
- Зголемување на додаток за деца со попреченост од 100%
- Зголемување на субвенциониран студентски оброк
- Зголемување на пензиите за 20%
- Намалување на патарините за 50%
- Исплата на плати до 5ти во месецот
- Гаранција на земјоделците за навремена исплата на родот
Левица и натаму ќе продолжи да ги застапува интересите на работниот народ, на сиромашните и на маргинализираните. Како единствена автентична левичарска партија, ние остро ќе се спротивставиме на сите штетни политики на бизнис партиите. Работниците сега имаат свој претставник во собранието и никогаш повеќе нема да бидат оставени на милоста на овие пратениците – претставници на олигархијата!