(Видео) Пивоваров: Патниците требало да прашаат дали „Беса транс“ има интербус дозвола

Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров, вчера во интервју за национална телевизија, кажа дека и патниците имаат свој удел во несреќата која се случи во Бугарија, заради тоа што не побарале од превозничката агенција дали имаат интербус дозвола.

Дали некој од патниците праша, побара дали, ова возило со кое патуваат имааат интербус дозвола. Верувам дека не, Претпоставувам! – Апсолутно мора да прашаме! – Изјави Пивоваров.

Ваквата изјава на координаторот за гранично управување наиде на негодувања и жестоки критики од јавноста. Од Движењето за социјална правда – Ленка, објавија реакција во кој велат:

Ова е олицетворението на неспособноста и елитизмот на СДС, кои цел живот на грбот на сиромашниот народ се богатат, додека државните институции комплетно ги руинирале и направиле дисфункционални, каде цената се плаќа во човечки животи! Па ако народот е виновен, тогаш нека се укинат сите институции од кои вакви паразити егзистираат, па народот ќе се самоорганизира, а ваквите абдали не ќе можат да преживеат од сопствената неспособност!