(Видео) Мециновиќ: Нема да дозволиме стопанисување на неодговорни компании

  • Изјава на Амар Мециновиќ – член на Советот во Град Скопје при политичката партија Левица

 Советникот Амар Мециновиќ, од Советот на Град Скопје за иницијативата на СДСМ која има за цел да овозможи узурпација на јавен простор од страна на „Ист Гејт Мол” и на тој простор да наплаќа паркинг.

 „Да се потсетиме дека ова стопанисување сакате да му го предадеме на „Ист гејт“ – трговски центар со небезбедна консрукција која видовме дека протекува.

Ако на советничката група на СДСМ ова ѝ е приоритет, ми се чини дека ние како Совет, сега гласаме да го оправдаме претходното лошо раководство и ветувањата на Шилегов. Оваа иницијатива е веќе отфрлена и зошто СДСМ повторно ја предлага, зошто да го дискутираме истото?

 Нема никакви стандарди, затоа мора да го смениме тоа – нема да се дозволува стопанисување на неодговорни компании кои сакаат само да си го подобрат коефициентот за кога ќе сакаат да го продадат.

Имаме проблем со јавниот превоз, а вие (СДСМ) сте против набавка на нови автобуси, а сметате дека треба да го решаваме паркингот на „Ист гејт“ со кој простор сака да стопанисува.“