Убиството на Јане Сандански

  • Објава на ОМО Илинден Пирин.

На денешен ден, 22 Април 1915 (10 април стар стил), патувајќи од Мелник за Неврокоп, на Пирин планина е организиран петтиот атентат врз Јане Сандански, од слугите на бугарскиот двор – врховистите.

Сандански примил две телеграми од Петрич и од Неврокоп за решавање на некој спор меѓу населението.
Всушност и двете телеграми биле лажни, испратени од врховистите, кои му подготвиле две заседи во двата правци каде што се очекувало да се движи.

Јане во Роженскиот манастир бил со своите двајца телохранители Тома Радовски и Лазар Кунгалов.
Но при тргнувањето од манастирот, неговиот коњ ( кобилата Мица) силно се вонземирил и се вратил назад, не сакал да тргне кон Неврокоп. Коњот упорно се тргал назад и не сакал да тргне, а бил многу послушен и предан на својот господар.

Неговите телохранители раскажуваат како Јане ја забележал вознемиреноста на кобилата која се вратила пред портите на манастирот, и им рекол „Ќе стане нешто“ и им наредил да не го придружуваат, затоа што „Не сакам пак да плачат други мајки“, како претходно кога плачеле двете мајки на неговите убиени телохранители Мицо Врански и Танчо, при атентатот врз Јане во Солун.

Потоа Јане им се обратил со зборовите „Нека стане што треба да стане, јас сум обречен да бидам убиен, кога и да е ќе ме убијат, нема смисла да се пазам.“

Затоа Јане тргнал сам, што била негова кобна грешка. На 20 април 1915 г. Сандански тргнува от Роженскиот манастир за Неврокоп.

По патот преспива во селото Пирин. Утрото кобилата повторно одбива да тргне. Домаќините кај кои што преспал го виделе тоа како лош знак и го убедуваат да не тргнува на пат. Но Јане не ги послушал и продолжува сам. На 22 април кај месноста Блатото, Сандански паднал во заседа на 7-8 четници од врховистичката неврокопска чета на Стојан Филипов, човек кој бил под команда на Тодор Александров, кој тогаш бил соработник на бугарската власт.

Врховистите пукале во Јане додека бил на коњот и го раниле при што тој паднал и при падот ја скршил ногата, но продолжил да пука кон нив. Престрелката продолжила и Јане не им се предавал на убијците.

Но еден од нив, Андон Качарков, успеал да го заобиколи, дошол позади него и го убил пукајќи му во грб на македонскиот војвода.

Кога било пронајдено мртвото тело на Јане, војводата во себе имал 11 врховистички куршуми.
Пиринскиот цар во борба со врховистичките хиени го завршува животот во својот духовен дом – Пирин.
Убиството на Јане дојде од оние кои во 1907 му изрекоа смртна пресуда – врховистите и бугарскиот двор.

„Јас не очекувам брзо ослободување на Македонија. Тоа може и да не дојде во моите денови, но јас сакам да го запазам народот и да го организирам и ако тоа се случи тој ќе ја добие својата слобода и без мене.“ – Јане Сандански