Ранливите категории приоритет при субвенционирањето велосипеди по заслуга на Левица

  • Говор на Амар Мециновиќ, советник на Левица во Советот на Град Скопје

Со 20 гласа ЗА и 17 ВОЗДРЖАНИ, дел од градското мнозинство со поддршка од опозицијата, ги прифати амандманите на Левица кои се однесуваат на измена на програмата за субвенционирање на велосипеди на Град Скопје со што се предвидува приоритетизирање на социјално ранливите категории при доделувањето на субвенциите.По изгласувањето на амандманите, предлагачот (градските служби) на точките по кои тие се однесуваат, ги повлече на доработка. Очекуваме на следната седница да бидат инкорпорирани текстовите на овие амандмани.

Во оваа форма на програмата ќе се влијае позитивно на семејствата со едно возило или без него, и ќе има позитивен ефект во борбата против феноменот на социјална ексклузија при непоседување на превозно средство.Политиките за промовирање на бициклизмот се неопходни поради социјалната правичност и инклузија, па така, истражувања укажуваат дека урбаниот бициклизам ги намалува трошоците за превоз на семејствата со низок доход за 50 отсто.

Во град како што е Скопје – кој се соочува со сообраќаен метеж, загадување на воздухот, и класна раслоеност, потребна е оваа мерка за насочување кон елиминирање на социјалните разлики.Со прифаќање на овие амандмани се поставува преседан по кој ќе треба да се водат и следните градски власти.

Советниците на Левица имаат за цел да им дадат суштинско значење на програмите кои можат да имаат вистинско влијание на животите на граѓаните, а не само како популистички мерки.