Речиси 20 милиони деца во земјите на ЕУ живеат во сиромаштија

Речиси 20 милиони деца во земјите на Европската унија живеат во сиромаштија, известува организацијата „Save the Children“. Во 2021 година, бројот на деца во ризик од сиромаштија се зголемил за 200.000 односно на 19,6 милиони, се вели во новиот извештај на оваа организација.

„Со едно од пет деца во сиромаштија низ целата земја, не може да има повеќе изговори: германската влада мора конечно да ги исполни своите ветувања за справување со детската сиромаштија“, рече претставникот на организацијата.

Шпанија и Романија имаат најлоши резултати со 33,4% и 41,5% од децата во ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Германија беше малку под европскиот просек од 23,5%, додека ризикот од детска сиромаштија беше најнизок во Финска (13,2%) и Данска (14%).

Користејќи дополнителни податоци добиени од 14 европски земји меѓу октомври и декември 2022 година, хуманитарните групи рекоа дека зголемените цени на храната за основните производи како што се млекото, житариците и маслото за јадење ја влошиле ситуацијата.

Според извештајот, семејствата со пониски и средни приходи се особено ранливи на поскапувањата.

Децата од мигрантско потекло, бегалците, барателите на азил, децата без документи и без придружба се меѓу најтешко погодените, се вели во извештајот. Загрозени се и деца кои живеат во семејства со еден родител, семејства со повеќе членови во сиромаштија, деца со пречки во развојот и деца кои припаѓаат на етничките малцинства.