Власта на СДСM прави обид да го саботира штрајкот на просветните работници
Фејсбук статус на Саше Јанчев – член на Централниот комитет на политичката партија Левица
Денеска започна штрајкот на просветните работници низ цела територија на Република Македонија. Близу 25.000 просветни работници денеска го искажаа своето незадоволство кон Владата поради лошиот третман што го добиваат од страна на централната власт. Барањата на СОНК се едноставни, да има покачување на платите во оваа област, а порастот на платите се бара да биде нешто повеќе од 18%.
Политичката партија Левица, на својот официјален фејсбук профил искочи со соопштение дека Владата се обидува да го задуши штрајкот во воспитно-образовните установи при што предизвика низа на реакции од страна на пошироката јавност.
Во прилог го споделуваме фејсбук статусот на Саше Јанчев, член на ЦК на политичката партија Левица и член на Советот во општина Гевгелија.
„Пред недела дена пратениците на СДС гласаа против предложен закон од Левица со кој се предвидуваше стопирање на манипулациите со договорите за вработување на определено време. Сега газдата на определено може да ве држи пет години.
Предложениот закон против кој они гласаа предвидуваше газдата да може да ве држи на определено само 6 месеци, а потоа да се склучи договор на неопределено време. Дополнително во тој предлог имаше предвидено газдите плата наместо до петнаесетти во месецот плата да исплаќаат до петти.
И овие од СДС си решија да гласаат против и наместо работниците, оти нели они се кажуваат левичари, си ги штитеа газдите ко права десничарска партија. За работници права јок. За газди заштита да. За просветни работници пари јок. За империјални интереси на НАТО (купување оружје) да.
И после СДС биле левичарска партија. А бе абдали, левичарите империјализам и газди експлоататори органски не варат, а не па да ги штитат. Левичарите штрајкови организираат, а не саботираат.”